Автомобилот во кој загина фудбалерот Хозе Антонио Рејес, во моментот на сообраќајната несреќа се движел со брзина од 237 км/ч, објавува весникот „Мундо депортиво“, повикувајќи се на полициски извори.

Од весникот објавуваат дека преголемата брзина на автомобилот што го управувал Рејес, марка мерцедес „Брабус“, се смета за главна причина за сообраќајката. Според информации од истрагата, на автомобилот му пукнала гума, по што Рејес загубил контрола над возилото, се судрил, се превртел, по што и се запалил.

При несреќата, фудбалерот се враќал кон Севилја по завршениот тренинг со екипата на Екстрамадура, за којашто настапуваше.