Ракометарите на Вардар попладнево во 18.50 часот ќе слетаат во Скопје. Чартер летот го обезбедил Град Скопје.

Во меѓувреме градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов побарал од Советот на Град Скопје да поддржи одлука за доделување награда на РК „Вардар“ во износ од шест милиони денари.

Од минатата вечер сум во контакт со управата на ракометниот клуб и успеавме да обезбедиме чартер-лет за клубот, кој ќе полета во 14:30, a ќе слета во 18:50 часот. Времето за слетување го координиравме за да се запазат сите безбедносни мерки околу состанокот на НАТО, за скопјани слободно да можат да присуствуваат на свечениот пречек. Со оваа одлука покрај наградата, ќе се подмират и трошоците за чартер-летот, како и сума од 2 милиони денари за организација на настанот“,  кажа Шилегов.

Со ракометарите заедно во Скопје, како што дознава Пресинг ТВ, доаѓаат и коментаторите Сретен Рашковиќ и Стеван Стевановиќ, од „Арена Спорт“ телевизија, кои станаа херои заедно со ракометарите на Вардар.