Ирскиот борец и светска ултимејтфајт ѕвезда, Конор Мекгрегор синоќа бил уапсен во Мајами по еден инцидент во кој му одземал и скршил телефон на негов фан.


Настанот се случил пред хотелот „Фонтејнблу Мајами Бич“. Ирецот го зел телефонот и го фрлил на земја, по што неколку пати го згазил со ногата, потоа ги собрал остатоците од „своето дело“ и си заминал. Тој веднаш бил пријавен, по што полицијата неколку часа подоцна го привела Мекгрегор од неговиот дом во Мајами, каде се наоѓа на прослава на 60. роденден на својата мајка.


Ирскиот борец бил пуштен со кауција од 12.500 долари, но дополнително низ судски процес ќе биде одредена казната. Не се исклучува ниту можноста за затворска казна, ако се знае дека тој и минатата година имаше проблеми со законот во САД, кога го нападна автобусот на Хабиб Нурмагомедов.