На Мастерсот во Индијан Велс синоќа се случи првото големо изненадување откако еден од фаворитите, Александер Зверев претрпе елиминација.

Третиот светски тенисер во моментов за нешто повеќе од еден час загуби со 2:0 по сетови (6:3, 6:1) од својот сонародник, Јан-Ленард Штруф. Тој во осминафиналето на Мастерсот во Индијан Велс ќе игра против Милош Раониќ кој со 2:1 по сетови (4:6, 6:4, 6:4) го совлада Давид Џирона.

Меѓу другото, дождот беше во фокусот на вниманието на Индијан Велс, не дозволи да се одиграат натпреварите од 3 и 4 коло предвидени за деветиот натпреварувачки ден на Мастерсот од серијата 1000.

Мечот меѓу Ѓоковиќ и Колшрајбер беше прекинат во првиот сет поради силен дожд а беше одигран само еден гејм, мечот ќе продолжи вечерва во 22 часот .

На деветиот натпреварувачки ден, предвидено е да настапат Надал, Федерер кој се среќава со сонародникот Вавринка и Нишикори .

Резултати од Индијан Велс, 3 коло:

Милош Раониќ – Маркос Хирон 4:6, 6:4, 6:4
Иво Карловиќ – Праднеш Гунесваран 6:3, 7:6
Јан-Ленард Штруф – Саша Зверев 6:3, 6:1
Миомир Кечмановиќ – Ласло Џере 6:2, 7:6
Гаел Монфис – Алберт Рамос 6:0, 6:3
Доминик Тим – Жил Симон 6:3, 6:1
Јошихито Нишиока – Феликс Оже-Алиасим 6:7, 6:4, 7:6.