Еден навивач на Интер е убиен, а четворица од Наполи се повредени со убод од нож во тепачка меѓу две групи во Милано за време на фудбалскиот натпревар на Сан Сиро. Италијанскиот весник Коријете дела Сера пишува дека 35 годишник е прегазен од комбе кое го возеле поддржувачи на Наполи, додека четворица се здобиле со повреди од нож еден час пред почетокот на натпреварот Интер – Наполи 1-0.
Shameful in Milano.
35 yo Inter fan died after been drove over by Napoli fans minivan.
Ultras from Inter, Varese, Nice (!) assaulted some Napoli minivans.
Milano authorities requesting to close Inter fans section till March 31 + ban Inter fans from travelling till end of season— Tancredi Palmeri (@tancredipalmeri) December 27, 2018
Интеровиот навивач е однесен во болница и итно опериран, но подоцна тој им подлегнал на поврдите. По инцидентот уапсени се двајца учесници.
Тензијата продолжи и за време на натпреварот кога сенегалскиот фудбалер од Наполи Калид Кулибал беше на удар на расистички навреди од трибините, и покрај тоа што на три пати беше упатено предупредувае до публиката дека натпреварот ќе биде прекинат.
Comments are closed for this post.