Заменик министерот за спорт Лефтерис Авгенакис за време на неговиот говор во Парламентот повторно реагираше до ФИФА и УЕФА околу името што го користеше Фудбалската федерација на Македонија и кратенката ФФМ на Европското првенство.

Како што известуваат грчките медиуми, на специјалниот состанок на парламентарниот комитет одговорен за иднината на грчкиот фудбал, на кој присуствуваа претставници на ФИФА и УЕФА, Авгенакис рече:

– Очекувавме појасен став од ФИФА и УЕФА околу проблемот со името – вели Авгенанис.

Реакцијата, сепак, дојде од СИРИЗА со Танос Мораитис, кој го изрази своето незадоволство од фактот дека министерот не ја нарекуваше соседната земја со уставното име, туку како Скопје.

– Постојат министри кои го прифаќаат договорот од Преспа и зборуваат за Македонија. Постојат и други кои зборуваат за „соседна земја“ и тука е и господинот Авгенакис кој зборува за „федерација на Скопје“. Исмевањето мора да престане, рече пратеникот на СИРИЗА.

Од друга страна, претседателот на Комисијата за образовни работи, Василис Дигалакис, му објасни на пратеникот на СИРИЗА дека „пресвртот го направи Македонија на Европското првенство“.