Фудбалската репрезентација на Македонија ја задржа 65-та позиција на ФИФА ранг листата по избореното Европско првенство.

Македонија оствари две победи во Лига на нации, против Грузија онаа клучна победа за ЕП со 1:0 и победата против Естонија со 2:1. Единствено пораз доживеавме од Ерменија со 1:0.

Што се однесува до топ10, таму немаше некои драстични промени, единствено од топ10 надвор излезе Хрватска.

Како се во прашање репрезентациите од бившите Ју простори, Хрватска секако е најдобро пласирана, потоа следуваат Србија на 30 позиција, БиХ на 55, 62 позиција е за Словенија, 63 за Црна Гора, додека Косово доаѓа на 117 позиција.