НБА лигата потврди дека оваа сезона нема да се одржи „Ол Стар“ викендот. Собирот на сите ѕвезди во НБА лигата беше планиран од 12. до 14.февруари 2021 година во Индијанаполис.

Индијана Пејсерс домаќини на „Ол Стар“ викендот ќе бидат во 2024 година. Наредниот „Ол Стар“ викенд ќе се одржи во 2022 година, во Кливленд, а наредната 2023 година во Солт Лејк Сити.

Новата сезона во НБА лигата ќе започне на 22.декември, титулата е ја бранат Лос Анџелес Лејкерс.