Иако стави крај на својата богата фудбалска кариера Златан Ибрахимовиќ се труди да води здрав живот.
Ова пред се се однесува на физичката активност, работата во теретана, но и органската исхрана. Златан Ибрахимовиќ и денес има издлабено тело, а жените едноставно полудуваат кога ќе ги видат неговите стомачни.
Исхраната на познатиот фудбалер од Шведска се состои исклучиво од бело пилешко месо, свежо овошје и зеленчук. Понекогаш јаде и сушено говедско месо. Но, затоа никогаш не јаде замрзната храна, особено сладолед. Тоа му е строго забрането, додека во ретки моменти конзумира тестенини.
Comments are closed for this post.