Ватерполистите на Србија и на Хрватска одиграа неверојатно драматичен меч во отворен базен на силен дожд во Белград. Србите победија со 12:11 со голот од пенал на Филип Филиповиќ на 17 секунди пред крајот, со што станаа шампиони на Светската лига и обезбедија пласман на Олимписките игри во Токио следната година. Само првакот на Светската лига изборува директен пласман на ОИ.

Србија и Хрватска во моментов веројатно играат најдобро ватерполо, но овој меч бепе особено интересен и дополнително драматичен затоа што се играше на отвoрениот базен „Ташмајдан“ во услови на силен дожд. На трибините имаше 10.000 гледачи.

Австралија го освои третото место во Светската лига, откако со 11:10 ја совлада Шпанија.