Фудбалерот кој ја почна акцијата по која Македонија го голот кој не однесе на Европското првенство, Елиф Елмас, со многу емоции го преживеа самиот меч, а особено часовите што следуваа потоа.

Неговата емотивност во еден ваков момент е сосема разбирлива, зашто Елмас секогаш јасно кажувал што за него значи македонскиот дрес.

Македонија е нешто што многу значи. Прво, Македонија е едно големо срце! Потоа татковина, мајка… За Македонија сè би дал. И ова не го зборувам само колку да го кажам, туку е нешто што го чувствувам. Многупати досега го покажав тоа дека би играл за сите селекции. Ако треба и ако можам пак ќе играм за сите селекции – до мојот последен здив! И на сите играчи им велам дека треба да ја сакаат својата држава како што ја сакам јас и да уживаат во тоа – порача Елмас кон крајот на минатата година, пренесува „Спорт1.мк“.