Претседателот на Србија, Александар Вучиќ преку социјалните мрежи испрати честитка за македонската фудбалска репрезентација која со вчерашната победа над Грузија испиша историја пласирајќи се на Европското првенство.

На сите граѓани на Северна Македонија им го честитам историскиот успех и пласманот на фудбалската репрезентација на Европско првенство. Ние, граѓаните на Србија, со цело срце ќе бидеме со вас, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил.