Кристијано Роналдо со партнерката чека дете.Но досега Роналдо за раѓање на своите наследници не ги користеше девојките со кои беше туку сурогат мајки.
Тој објасни дека еден ден на своите наследници ќе им објасни која им е вистинската мајка

– Луѓето претпоставуваат дека сум бил со оваа девојка или некој друг, или имало сурогат мајка. Никогаш никому не сум му кажал и нема да го сторам тоа. Кога Кристијано ќе порасне, ќе му ја кажам вистината, затоа што ја заслужува, бидејќи е мој син, но нема да му кажам затоа што луѓето сакаат да го кажам тоа – изјави еднаш Роналдо во шоуто на Џонатан Рос, пренесува Мондо.

Што се однесува до неговите четиригодишни близнаци, британските медиуми открија дека Ронадло користел услуги на сурогат мајка.

Децата наводно биле зачнати во лабораторија во Лос Анџелес, а дел од документите станале достапни за јавноста. Името на мајката не се гледа, бидејќи таквите податоци строго се чуваат, а децата се родени со разлика од една минута. Таа информација беше важна, бидејќи многумина шпекулираа дека Ева и Матео всушност не се близнаци, но овој факт ги отфрли барем тие сомнежи.

Стефани Кабаљеро, водечка американска адвокатка во областа на сурогат родителство, изјави дека Роналдо секако е татко на тие деца, претпоставувајќи дека потекнуваат од „серијата ембриони“, објаснувајќи дека тоа е направено во Калифорнија.
Имено, оваа американска држава е „рај“ за сурогат родителство, додека во Португалија тоа е строго забрането со закон, особено затоа што Роналдо не е оженет.

Кристијано Роналдо со Георгина во Дубаи

– Ниту еден португалски суд не би признал каков било договор меѓу Кристијано и сурогат мајката, па таков договор би бил прогласен за неважечки – изјави Кабалерова.
За близнаци се наплаќа 140.000 евра, од кои 40.000 одат за сурогат мајака.Жените кои донираат јајце клетки и сурогат мајки кои останале бремени обично не им се ни кажува што се случило со тие деца на крајот.