По завршувањето на квалификациските натпревари од синоќа познати се 11 репрезентации кои досега обезбедија учество на Светското фудбалско првенство следната година.

 

Покрај домаќинот на Мундијалот 2022, Катар, учество изборија и:

Германија – победник во квалификациската група Ј во Европа
Данска – победник во квалификациската група Ф во Европа
Бразил – победник во квалификациската група во Јужна Америка
Белгија – победник во квалификациската група Е во Европа
Франција – победник во квалификациската група Д во Европа
Хрватска – победник во квалификациската група Х во Европа
Шпанија – победник во квалификациската група Б во Европа
Србија – победник во квалификациската група А во Европа
Англија – победник во квалификациската група И во Европа
Швајцарија – победник во квалификациската група Ц во Европа.