Младата репрезентација на Македонија не издржа против големиот фаворит Франција во квалификациите за ЕП. Пораз од 0-1 вечерва на „Градски”.

Во првото полувреме нашите фудбалери се држеа и беа речиси рамноправни.

Но во вториот дел Французите покажаа зошто се меѓу најдобрите европски екипи во млади категории.

Предводени од зведата на Реал Мадрид Камавинка како и Черки од Лион. Тука се и голманот Меслиер од Лидс како и Турам јуниор.

Сепак овој пораз не мора ништо да значи и остануваме со реални шанси за второто место и за пласман на ЕУРО 2023.