Садаф Кадим, прва жена боксер од Иран, го одложи враќањето дома од Франција, бидејќи за неа беше издадена потерница за апсење.

Садаф Кадим во саботата ја победи француската боксерка Ана Шован и во план и беше враќање во Техеран, заедно со тренерот.

Кадим е обвинета дека не ги почитувала правилата, во рингот била „несоодветно облечена”, бидејќи  носела маица со прерамки и шорц.

Садаф носела зелена маица, црвен шорц и бели стегачи. Тоа искомбинирано е како знамето на Иран. И покрај дозволата на Министерството за спорт на Иран, очигледно големиот пречек, на кој толку се надеваше, нема да го има.

Се борев во легендарен натпревар во Франција. Носев опрема, која во целиот свет е нормална, а се трудев и да ги почитувам обичаите на мојата земја. Носев хиџаб и мојот тренер е маж, и очигледно тоа некому не му се допадна, изјави Садаф Кадим.

Иранската амбасада во Франција исто така не сакаше да ја коментира оваа непријатна ситуација, а нивниот боксерски сојуз соопшти дека не организирал никакво натпреварување во женска конкуренција и оти секоја жена мора да го почитува кодексот, во спротивно ќе сноси последици, а законските казни се движат од финансиски до затворски во период да максимум два месеца.