Напаѓачот на Тотенхем, Фернандо Љоренте, кој го постигна голот со кој „петлите” се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампионите, смета дека судијата Џунеит Чакир правилно го признал погодокот на Шпанецот, иако топката ја допре неговата рака.

Во спор за место во финалето, лондонскиот тим ќе се соочи со другата сензација на турнирот – Ајакс.

Се чувствувам многу добро, чувството е неверојатно. Беше малку тешко кога судијата го гледаше повторувањето на голот, но мислам дека тој донесе вистинско решение. Среќен сум дека помогнав на тимот. Тоа е остварување на сонот. Неверојатен колектив. Верувам во секој од овој состав. Мислам дека можеме да испишеме историја оваа година. Тоа е нашиот момент, изјави шпанскиот фудбалер.