Барселона донесе одлука да ги прекине преговорите со Пари Сен-Жермен за евентуален трансферот на напаѓачот Нејмар. Ова се објаснува со однесувањето на францускиот клуб кој наводно поставил неприфатливи услови, пренесува „Спорт ес.“.

Сега останува да се види дали заинтересираниот Реал Мадрид ќе успее да се договори со ПСЖ за бразилскиот фудбалер. Кралевите му понудија на Нејмар, петгодишен договор со плата од 40 милиони евра годишно, но ПСЖ од Реал го сакаат Лука Модриќ како дел од било кој договор за трансфер.

Во сезоната 2018/19 година, 27-годишниот Бразилец одигра 28 натпревари за ПСЖ, постигна 23 голови и забележа 13 асистенции.

Парискиот клуб го купи Нејмар од Барселона во 2017 година за 222 милиони евра.