Невиден натпреват одиграа фудбалерите на Копенхаген и Црвена Звезда. Откако во регуларнииот дел беше 1-1 следеше изведување на пенали.

Поради лошиот терен фудбалерите од двете екипи најчесто шутираа преку голот.Причина за тоа беше дупката која се направи на белата точка се претвори во дупка во која топката пропаѓаше.

Згора на тоа се потрошија сите играчи па серијата тргна од почеток. Поуспешна беше Ѕвезда откако голманот Борјан го одбрани последниот , 22-ри пенал.