Иако е штотуку дизајниран, дресот на Барселона за 2020/2021 веќе се знае како ќе изгледа, и според првите реакции, тој им се допаѓа на фановите повеќе отколку сегашниот.

На дресот ќе има три предни широки вертикални пруги, две црвени и една сина, а меѓу нив ќе има тенка жолта линија. Жолта линија ќе има и на околувратникот. Дизајнот е инспириран од дресот од 1920 година, па на стогодишнината, клубот ќе потсети на тие далечни времиња.

Навивачите беа незадоволни со коцкестите дресови кои тимот ги носи сезонава. Секако има и такви кои го критикуваат и новиот дрес. Некои мислат дека е копија на дресовите на швајцарски Базел, на други им личи на дресот на Стеауа