Откако зачекорија на терените на Ла Лига, борбата за престиж на релација Меси – Роналдо не престанува. Тоа не се промени ни по преоѓањето на Португалецот во Јувентус, а и ретко се случувало најдобрите напаѓачи на денешницата папараците да ги снимат гушнати. Не нарочно додека се бакнуваат.

Угледниот весник „Франс фудбал“ предизвика земјотрес во светот, по објавата на насловната страна на која Аргентинецот и Португалецот се бакнуваат страствено прегрнати.

Овој весник ја искористил прочуената илустрација на еден уличен уметник со псевдоним „Твбој“, кој пред неколку години пред Ел Класико и дуелот на Барселона против Реал Мадрид на еден киоск во престолнината на Каталонија го нацртал Роналдо и Меси во интимен занес.

Во тој период, Кристијано беше член на европскиот шампион Реал и претставен се до дресот на Галактикос, додека овој пат, на најсвежата фотографија е во опрема на Старата Дама.

Главниот повод за ваквиот избор, беше трката за најдобар играч на Европа, кој сега се води помеѓу ѕвездиде на Барселона и Јувентус, главните протагонисти на вечерашните четвртфиналисти во Лигата на шампионите.