Центарот на Детроит пистонс, Андре Драмонд, постигна 26 поени и собра 22 скокови, со што го предводеше својот тим до победа на домашен терен против Кливленд кавалирс со 110-103. На тој начин Детроит го продолжи перфектниот старт на сезоната забележувајќи ја четвртата победа во исто толку одиграни натпревари.

Покрај Драмноф, кај „клиповите“ одлична партија пружи и Блејк Грифин, кој имаше дабл-дабл од 26поени и 10 скокови.

За разлика од Детроит, кошаркарите на Кливленд се уште се мачат да забележат победа. Нивната стартна петорка на оваа сердба постигна заедно само 39 поени, со што „коњаниците“ заслужено го запишаа и петтиот пораз зад нивните имиња.

Лејкерси влегуваат во серија

Откако ја почнаа сезоната со три порази по ред, ЛА Лејкерс забележа две победи во две вечери. До вториот триумф по ред, „езерџиите“ дојдоа во дуелот против Денвер нагетс во „Стејплс“ со резултат 121-114. Леброн Џејмс оствари трипл-дабл од 28 поени, 11 скокови и 11 асистенции, а ефикасни беа и Кајл Кузма со 22 и Џавејл Мекги со 21 поен.

Кај Денвер, за кого ова е прв пораз во пет натпревари, Никола Јокиќ со 24 поени и 11 скокови и Џамал Мареј со 22 поени и 10 скокови, имаа дабл-дбал учинок, додека Монте Морис мечот го заврши со 20 поени и седум асистенции.

Во останатите натпревари:

Орландо – Портланд  114-128

Оклахома сити – Бостон  95-101