Авион на „Булгариа ер“ на летот Софија-Брисел синоќа принудно слетал во Виена, објавија бугарски медиуми.

Причина за принудното слетување било пукнато стакло на пилотската кабина.

Веста ја објави вицепремиерот и министер за одбрана, Красимир Каракачанов, кој бил во авионот, заедно со уште околу 100 патници.

Каракачанов додал дека пилотите дејствувале професионално.

Патниците денес рано изутрина патот за Брисел го продолжиле со друг авион.