Остануваат уште два дена до официјалното формирање на војската на Косово, што ќе се случи в петок, на 14 декември, а тој момент го потврди и претседателот на косовското собрание, Кадри Весели. Тој изјави дека уште од времето на УЧК, Косово имало војска, но од сега тоа ќе биде и институционализирано.

Во меѓувреме, на социјалните мрежи почнаа да кружат фотографии од идни припадници на новата војска на Косово, коишто коментираат дека со нетрпение го чекаат официјалното стапување во служба.