Захариева: Бугарија била сојузник на Германија, но само во учебниците во Македонија бугарската нација е претставена како фашистичка

03.02.2021 / 10:59


Бугарија како членка на ЕУ продолжува да ја поддржува европската перспектива на земјите од Западен Балкан и не се точни и крајно се неосновани тврдењата дека Бугарија влегува во „белградски“ и „странски сценарија“ запирајќи го влезот на Македонија од патот кон членство во ЕУ.

Ова го изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева за емисијата „Контракоментар“ на блогерот Асен Генов.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, таа рече дека пред три години по крајот на бугарското претседателство со ЕУ, претседателствата по нив се чувствувале должни да го продолжат тој приоритет и тоа се претвора и во нивен приоритет.

-Колегите од Австрија, Хрватска, Романија, Португалија и Германија, а сега и Словенија, објави дека ќе се занимава со темата, вклучително и Чешка, којашто е по 18 месеци ротациски претседавач. Не сме среќни што требаше да кажеме „не“, но ние не можеме да го трпиме тоа што се случува таму (Македонија), рече Захариева.

Во однос на позициите на австрискиот канцелар Себастијан Курц и германскиот министер за европски прашања Михаел Рот, дека проширувањето на ЕУ не треба да стане заложник на билатералните спорови и бугарската политика кон Македонија, Захариева рече дека нерешените прашања треба да се решат претходно и оти Бугарија нема да прави компромис со своите национални интереси.

Според Захариева, бугарската Влада не реагирала официјално за изучувањето на српскиот јазик во Македонија затоа што тоа е внатрешно прашање.

– Тоа е внатрешно прашање, ние не можеме да се мешаме за воведувањето српски јазик и отворање нивен културен центар, тоа е внатрешно прашање. Само сакаме да има и бугарски културен центар, рече Захариева.

Оцени дека „меѓу двете држави нема нормален пат, нема железничка линија и се создаваат административни пречки пред бугарски компании во Македонија, што сакаат таму да инвестираат“.

Потврди дека Бугарија била сојузник на Германија за време на Втората светска војна и дека имало Закон за заштита на нацијата, но бугарскиот народ, дел од пратениците, бугарската Црква и интелектуалци, биле причина да бидат спасени бугарските Евреи од депортација.

-Се гордеам со спасувањето на бугарските Евреи, тоа се вели не само од Бугарија, има признание и од Израел и од сите меѓународни еврејски организации, но во исто време, жалиме за тоа што над 11.400 Евреи не биле спасени на територии што во тоа време биле самоадминистрирани од Бугарија, без да бидат бугарски, рече Захариева.

Според неа, единствената нација во учебниците по историја во Македонија што е претставена како фашистичка е бугарската.

-Јас не мислам дека бугарскиот народ е фашистички народ. Тогаш и Италијанците и Албанците исто така треба да бидат посочени како фашисти, затоа што и тие биле сојузник во оној историски момент на Германија, рече Захариева.

Се заблагодари на властите во Скопје за затворање на Фејсбук групите во кои имало говор на омраза против Бугарија, истакнувајќи дека најважно е да ги смириме емоциите и ако не ги решиме проблемите и двете држави ќе загубат.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Регион

Aркан бил нарачател на убиството на британската новинарка

пред 19 часа
Регион

Легија ја убил британската новинарка Дандо поради бомбардирањето на Србија и бегалците од Косово

пред 4 дена
Регион

Ова е внукот на Јане Сандански (ФОТО)

пред 4 дена
Регион

Никогаш необјавена фотографија од Кавачкиот и Шкаљарскиот клан додека не беа „завојувани“ (ФОТО)

пред 1 нед.
Регион

Taткото на Дора Бакојани и Милошевиќ ја делеле Македонија на салфетка но не се договориле!

пред 1 нед.
Регион

Ципрас гласаше воздржано за прием на Косово во Советот во Европа

пред 1 нед.
Регион

На мекиците на Звицер требало да го убијат и Вукотиќ

пред 1 нед.
Регион

ХДЗ победи на изборите во Хрватска

пред 1 нед.
Регион

ЕУ ја промени Преговарачката рамка за Србија: Нема влез додека не го признаат Косово

пред 1 нед.
Регион

Дачиќ го праша Османи: Дали ќе се приклучите на Резолуција на Србија против Хрватска за геноцид?

пред 1 нед.