За девет месеци рестриктивни мерки во Грција и два карантини, процените, според грчкиот весник „Катимерини” се дека малопродажбата загубила околу четири милијарди евра. Весникот пишува дека според податоците од Службата за статистика, во првите девет месеци од 2020 година загубата е над три милијарди евра, но објаснува дека ако се одземе профитот на супермаркетите кои имаа зголемување од 10 отсто во споредба со лани, тогаш штетата за малопродажбата е многу поголема и над четири милијарди евра.

Секако, во овие податоци не е вклучен последниот квартал од 2020 година, во кој, под нормални услови, има зголемен профит поради божиќните и новогодишните празници.

Министерот за финансии на Грција Христос Стајкурас најави дека за оваа година ќе бидат одвоени над  7,5 милијарди евра за финансиска поддршка за справување со последиците од пандемијат