Од Нова година во Грција двојно поскапуваат цените на патарините во целата земја. Зголемувањата се двојно а некаде и тројно зголемени, објавува весникот .iefimerida.
Нема информации на што се должи тоа, но оваа информација сигурно ги засега македонските граѓани кои патуваат кај јужниот сосед.
Наместо 1.8 евра, патарината веднаш по граничниот премин сега ќе чини 3 евра, а пак до познатите турстички места Аспровалта и Кавала таа ќе чини 2.36 евра.
За оние што до автомобил одат на Крф, на патарината кај Игуменица ќе плаќаат 3.42 евра.
Кога ќе се направи пресметка, за шопинг во Солун сега ќе треба да издоиме дури 720 денари за патарина, ако се знае дека патарината после Евзони ќе чини 360 денари во двата правци , а за да дојдете до граничниот премин Богородица и за назад на македонските патарини ви се потребни дополнителни 360 денари.
Comments are closed for this post.