Началникот на Генералштабот на грчката војска, Евангелос Апостолакис и се закани на Турција дека ќе одговорат на секоја провокација во Егејското море и нарушувањето на грчкиот територијален интегритет.

Една заедничка грчко-американска воена вежба одржана во 2016 година

-Ако влезат на некој ненаселен остров ние тој остров ќе го срамниме со земја. Ова е црвената линија која е прифатена и од страната на владата- нагласува Апостолакис.

Турски борбени авиони беа забележани како надлетуваат на островите Оназис и Кастелоризо без претходна најава што ги разлути грчките власти.