Се надеваме дека заедно со нашите браќа од  Македонија, следната година ќе ја прославиме 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

Ова го изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов по повод годишнината од раѓањето на големиот револуционер, јави дописникот на МИА од Софија.

-Денеска се навршуваат 149 години од раѓањето на Гоце Делчев – војвода, активист на македонско-одринското револуционерно ослободително движење, меѓу нашите најистакнати заеднички историски херои. Се надевам дека имаме мудрост следната година, заедно со нашите пријатели и браќа од  Македонија, да го прославиме неговиот 150-годишен јубилеј, обединети и заедно на патот на европската интеграција“, рече премиерот Борисов