Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ги поздрави резултатите од предвремените парламентарни избори каде што партијата „Српска листа“ оствари одлични резултати.

Српскиот претседател истакна дека за него оваа победа е посебна, бидејќи е остварена во тешки услови. Како што потенцира Вучиќ, „Српска листа“ во сите места има повеќе од 90 отсто гласови, а во Северна Митровица нивниот резултат е 98,97 отсто.

Србите покажаа огромна зрелост, сакам да им изразам огромна благодарност. Покажаа дека можат да се обединат, го одбранија својот опстанок, ќе имаат големо претставништво во косовскиот парламент. Србите покажаа љубов кон својата татковина Србија. Србите само сакаат да го зачуваат своето српско име. Уште еднаш им благодарам на сите Србија на големата победа – заклучи Вучиќ.

Вучиќ, кој се обрати од Палатата Србија, соопшти дека биле уапсени членови на „Српска листа“ затоа што им дозволиле на луѓето да гласаат со српски лични карти.

Се е направено со цел да се уништи Српската листа, да се најдат Срби погодни да не работат за интересите на српскиот народ, туку за Харадинај и останатите. Изборните резултати се и за мене изненадување – изјави Вучиќ.