Во центарот на Сремска Каменица, пред еден ресторан, е убиен српскиот бизнисмен, 55-годишниот Драган Амиџиќ – Амиџа.

Бизнисменот бил сочекан да излезе од ресторанотпо што било стрелано врз него. Тој починал на лице место.

Амиџиќ е од Нови Сад, а е сопственик на повеќе бензински пумпи и угостителски објекти. Во Србија тој беше познат како љубител на брзите автомобили и авиони. Самиот често пилотирал со приватен „Галеб“, надлетувајќи ниско над Нови Сад.

Амиџиќ често доаѓал во судир со законот, а, како што пишуваат српските медиуми, имал многу непријатели поради избувливиот карактер и контроверзниот бизнис.