Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија има огромни количества нафтени резерви.

Вучиќ истакна дека рафинериите работат постојано и дека ситуацијата е подобра отколку во многу земји од Европската унија.

Знаете ли што значи да не купите литар нафта два месеци? Тоа се огромни количества, имаме се и тоа е подобра ситуација отколку во повеќето земји од ЕУ. Сега инвестираме дополнителни пари за да го надополниме сето тоа. Немаме каде  да ја чуваме нафтата, не е прашање само на цена-објасни Вучиќ.