Претседателот на Србија Aлександар Вучиќ најави дека од утре ќе забрани извоз на пченка и пченица поради кризата предизвикана од војната меѓу Русија и Украина.

За нас оваа информација е особено важна бидејќи Вучиќ пред неколку дена најави дека и покрај кризата ќе и даде 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка на Македонија.Но, во вчерашната изјава тој Македонија не ја спомена па граѓаните со право се исплашени дали можеби ќе имаме криза со леб и брашно бидејќи ние сме директно зависни од увозот од Србија.

Вучиќ објани дека ова му наликува на економски крај на светот и оти затоа ќе мора да го забрани извозот на пченица, брашно, масло и пченка.

Во Европа луѓето се повеќе загрижени за пченката, Америка е повеќе загрижена за пченицата.  Цените вртоглаво растат. Имаме предност во пченицата и пченката. Од четврток повеќе нема да има извоз на пченица и брашно, пченка, нафта исто така бидејќи извозот скокнал за 109 отсто. Ќе имаме доволно -рече Вучиќ.