Ние сме најголемите пријатели на Македонија, ништо не бараме од нив, само да бидеме пријатели и браќа“, изјави синоќа во емисијата „Хит твит“ српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој ја коментираше анкетата дека граѓаните на  Македониа дСрбија ја сметаат за најдобар пријател.

„Да, го видов тоа, и за политичарите и за земјите. Србија, се разбира, им е најдобар пријател“, посочи српскиот претседател.

На прашањето дали е изненаден од одговорот на Македонците, претседателот Вучиќ одговори: „Како да бидам изненаден?

Ние сме најголемите пријатели на  Македонија. Кој е поблизок до Србија? Ние сме единствените кои не бараме од нив да ги сменат своите име или јазик. „Ниту нашите барања, ниту ништо друго. Ние го сакаме македонскиот народ. Што бараме од него? Ништо. Освен да бидеме во најдобри можни односи. Не бараме ништо од нив. браќа“, рече Вучиќ.