Ескалираа протестите во Албанија. Демонстрантите фрлаа со молотови кокнтели кон зградата на владата и го запалија влезот. Противпожарните служби се обидуваат да го изнаснат огнот, а полицијата да ги спречи демонстрантите да ја пробијат заштитната ограда и да влезат во зградата. Обединетата албанска опозиција денеска попладне ќе го одржи, како што го нарекува, четвртиот народен протест пред Владата во Тирана. Протстот почна во 18 часот и 30 минути, а информациите од двете најголеми партии во обединетата опозиција, Демократската на Љуљзим Баша  и Социјалистичкото движење за интеграција  на Моника Круемади, протестот е најмасовен досега. И на денешнот протест опозицијата ги повтори веќе познатите барања, заминување на премиерот Еди Рама и формирање техничка влада, која ќе спроведе фер и демократски избори.