Од 1 Септември во сите гимназии во Србија факултативно најверојатно ќе биде воведен кинескиот јазик.

Тоа ќе се случи ако Националниот просветен совет даде позитивно мислење на предлогот и препораката на министерот за просвета Младен Шарачевиќ.

Тоа е јазик како и секој друг кој се изучува во училиштата. Меѓутоа Кина има 56 национални малцинства од кои секое говори свој дијалект. Но тоа нас не не занима, туку мандаринскиот кинески чиј изговор може полесно да се научи, вели Радосава Пусиќ директор на институтот Конфучие во Белград.