Ноќеска во 2.22 часот на автопатот А1 кон Загреб автобус слета од патот и се преврте.

Како што јави полицијата, автобусот на автопревозот „Пожега“, излетал од патот и се превртел при што повредени се двајцата шофери и шест патници.

Од полицијата велат дека нема смртни случаи. Во автобусот имало 13 патници.

Автобусот бил во исправна состојба, а возеле двајца искусни шофери.