Албанските власти соопштија дека војници доставиле храна и вода до семејствата на северозапад на земјата, отсечени по поплавите предизвикани од обилните дождови во последните неколку дена.

Министерството за одбрана наведува дека 40-ина семејства се евакуирани и оти околу 20 домови не се безбедни за живот поради оштетувања од поплавите. Во регионите околу Драч и Скадар се поплавени 7450 хектари земјиште, уништени се неколку мостови во некои села, а има и патишта кои се блокирани поради лизгања на земјиштето. Според министерството, до неколку села може да се дојде само со воени камиони или чамци. Засега нема информации за жртви.