Протестот на бугарската партија ВМРО-БНД во Благоевград, во знак на несогласување со отоврањето македонски културен клуб во овој град, ќе се одржи подалеку од местото на клубот, пред споменикот на Гоце Делчев, во центарот на градот, извести бугарската телевизија ТВ Нова.
Телевизијата јавува и дека полициска патрола во цивилно возило дежура пред објектот во Благоевград, во кој денеска ќе биде отворен македонскиот клуб „Никола Вапцаров“. Репортерот на бугарската ТВ Нова во јавувањето во живо известува дека на околните згради видливо се истакнати бугарски знамиња, што вообичаено се случува на државни празници, но, според репортерот, денеска е очигледна намерата да се испрати порака до тие што ќе присуствуваат на отворањето на македонскиот клуб.
Од снимките на репортажата може да се види дека на натписот на клубот е вратена буквата „М“, но сега недостига буквата „Е“.
Comments are closed for this post.