Бурен ден во Грција, но и во Македонија откако министерот за надворешни работи Никос Коѕијас, поднесе оставка. Ваквата негова реакција следува откако тој утринава имаше средба со претседателот Павлос Прокопулос.

Ова можеби беше очекувано ако се знае дека изминатиот период помеѓу Коѕијас и министерот за одбрана Панос Каменос имаше нетрпеливост откако тој се изјасни дека во Парламентот дека нема да гласа за Договорот од Преспа.

Грчките медиуми пишуваат дека грчката влада е пред целосен распад и дека има најави оти и други министри ќе му откажат послушност на премиерот Ципрас.

Дури се наведува дека Ципрас ќе биде и министер за надворешни работи, до изборот на нов министер иако е неизвесно дали и кога тоа би се случило.

Дека во грчката влада постои разногласие беше јасно и по изјавата на Каменос дека во САД презентирал алтернативен предлог на Договорот од Преспа, кој премиерот Алксис Ципрас го знаел, но не го одобрува како национална политика.

Неговиот предлог е да се гарантира безбедноста во регионот, по пример на трилатералните и квадрилатералните средби што ги одржува Грција,  да се направи еден договор во кој ќе учествуваат Албанија, Бугарија, Грција и Македонија и САД, а подоцна да се приклучи и Србија.

Коѕијас беше чест гостин во Македонија, а прв го сефтоса и новото име на аеродромот во Скопје. Тој заедно со Никола Димитров го потишаа Договорот од Преспа со кој нашата земја треба да биде преименувана во „Република Северна Македонија“ и да го смени Уставот како услов да добие покана за НАТО и да ги почне преговорите со ЕУ.