Податоците објавени од Државниот институт за статистика на Албанија,ИНСТАТ потврдуваат дека во земјата опаѓа бројот на браковите евидентирани во матичната книга на венчани.

Албанските граѓани се поретко се одлучуваат на брак,што се гледа и од податоците објавени од ИНСТАТ. Тоа се гледа од објавените податоци за 2017 година при што најголем пад на бројот на бракови е забележан во Тирана каде има 7,1 брак на илјада жители – наведува тиранската телевизија Топ чанел.

За разлика од главниот град,гледано по околии најголем број бракови се регистрирани во околијата Лежа или 10,2 брака на илјада жители,потоа во Берат 9,2, Пешкопеја 8,7,Драч и Фиер 8,3 и Елбасан 8,2 брака на илјада жители. Валона и Скадар приближно се на исто ниво 7,6 односно 7,4 бракови ,додека во околиите кукс,Ѓирокастро и Корча 7,1 брак на илјадата жители.

И лани а и годинава, според статистичките податоци во матичните служби бројот на браковите опаѓа споредено со претходните години, при што брачните другари се повозрасни.

Лани  во дванаесетте околии во Албанија евидентирани се 23 илјади бракови,што споредено со 2013 година е за 5,7 отсто помал број.

Социолозите сметаат дека тоа е последица на големата невработеност на младите,но и појавата да живеат заедно без да го кажат судбоносното „да“ пред матичарите.