Демократската партија во Албанија донесе одлука да организира уште еден голем антивладин протест на 13 април. За разлика од претходните, кои беа организирани во претпладневните часови, тој се најавува за раните вечерни часови – ќе почне во 18 часот.

ДП соопшти дека со оваа одлука не престануваат протестите кои ќе се оргзанизираат секогаш кога ќе има седница на парламентот.

Од друга страна, пишувајќи за политичката состојба во Албанија, весникот „Ла осерваторе Романо“ од Ватикан истакнува дека во земјата „тензијата се зголемува, а постои и ризик од нов бегалски бран“.

Гласилото на Ватикан анализирајќи ја состојбата и политичките разлики, смета дека ситуацијата не е како во 1997 година, но дека и сега не може да се гарантира владеењето на правото, а тоа ќе предизвика нов бран бегалци од Албанија, слично како во 1990-те.