Безбедносно-информативната агенција (БИА) од западните служби добиле информација дека „ главата“ на Вучиќ е проценета на  20 милиони евра и активно работат на организацијата на атентатот!

БИА од западните агенции и нејзините подземни контакти дознала дека Звицер и Вушовиќ планирале да играат сè или ништо.

Според достапните информации, кои секојдневно се проверуваат, шефот на „кавачкиот клан“ Радоје Звицер до пред еден месец бил во Доминиканската Република и Панама. Некаде во средината на октомври успеал да стигне до Европа, накратко бил лоциран во Шпанија, а според последните информации од терен, моментално се наоѓа во Турција, каде што е под заштита на тамошен моќен нарко клан.