Припадниците на Министерството за внатрешни работи во Србија, го уапсија Д.Х. (1986) од Суботица, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи.

При претресот на куќата во која живее осомничениот, полицијата пронашла три патни торби во кои имало пет автоматски пушки и неколку пиштоли.

Како што неофицијално дознаваме, станува збор за Албанецот Дине Хетај, член на меѓународна криминална група.Во акцијата се одземени 510 куршуми и 4.100 евра.Тој превезувал и илегални мигранти во Европската Унија и Велика Британија.