Повеќекратниот убиец Един Гачиќ е убиен во престрелка со припадниците на полицијата од Кантонот Сараево, потврди федералниот министер за внатрешни работи Аљоша Чампара.
Како што се наведува во акцијата учествувале полицајци од Сараево кој на местото викано Лепеница кон Кисељак воочиле трага која ги довела до Гачиќ по тридневно трагање.
Во размена на оган Гачиќ е убиен, а еден полицаец се здобил со повреди кои, како што наведе комесарот на МВР на Кантонот Сараево Мевлудин Халиловиќ, се од лесна природа.
Потрагата по Гачиќ траеше една седмица поради сомнеж дека го убил Сауд Султаниќ на 4 февруари, а неколку дена потоа и полицаецот Сауд Султаниќ. Осомничениот пред ова извршил уште две убиства. Во 1998 година го убил соборецот Исмет Гуниќ, а во 2002 животот и го одзел на својата мајка. По 15 години одлежани во затвор, во средината на 2017 година бил пуштен на слобода.
Comments are closed for this post.