САД се чини дека се ветена земја за Словенците. По актуелната прва дама, Меланија Трамп, од оваа поранешна југословенска земја може да дојде и новиот претседател.

Тоа е Ејми Клобучар, која во моментов е сенаторка од Минисота од редовите на Демократите. Таа ќе се кандидира за претседател на САД на следните избори и најавува победа.

Ејми е родена во САД но има словенечко потекло. Нејзиниот татко е поранешен спортски новинар и семејството Клобучар редовно ги одржува врските со родната Словенија.