Един Г. во моментов е најбараниот човек во БиХ, а потрагата по него се рашири низ целата земја. „Имате човек кој е луд и кој е на слобода“, предупредуваат од Кантонот Сараево. Се разгледува и распишување награда за дојава на осомничениот.

Сите полициски сили се вклучени во потрагата по опасниот осомничен повеќекратен убиец. Полицијата по него трага веќе неколку дена поради сомнеж дека го убил Сауд Султаниќ на 4 февруари, а сега го бараат и за задвчерашното убиство на полицаец заради што во цела БиХ е започната потера.

Владата на Кантонот Сараево најави распишување награда за дојава околу информација за Един Г. и можната локација на која се наоѓа.

Осомничениот, како што наведуваат медиумите од БиХ, бил припадник на озогласениот одред „Ел Муџахедин“, а пред ова тој извршил уште две убиства. Тој во 1998 година го убил соборецот Исмет Гуниќ, а во 2002 животот и го одзел на својата мајка.

Откако во КПУ Зеница поминал скоро 15 години, преместен е во затвор во Бихаќ, а кон средината на 2017 година ја отслужил казната и излегол од затвор.

Директорот на затворот во Бихаќ пред неговото пуштање на слобода ги запознал надлежните институции дека се работи за опасен човек, кој најверојатно одново ќе убие, но ниедна од институциите не реагирала на ваквото предупредување.

Медиумите во БиХ јавуваат дека ситуацијата е напната, а луѓе во страв, не излегуваат од своите домови, најчесто вакви дојави од утринава се слушаат од населеното место Подораш, едно од местата каде е извршено злосторството.