Министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли, му напишал писмо на генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, во кое наведува дека е уверен оти Белград, иако тешко, „ја прифатил вистината“ за „независно Косово согласно меѓународното право“.

Пацоли на својот Фејсбук профил наведува дека во писмото до Гутереш напишал оти „дошол моментот за конечен договор со Србија“.

Го известив генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, дека членството во ОН е особено можно сега, поради тоа што Србија, иако тешко, посака да покаже дека е заинтересирана да оди напред и дека се согласува со вистината што ја потврди Меѓународниот суд на правдата на 22 јули 2010 година, дека државноста на Република Косово е согласно меѓународното право, напиша Пацоли на Фејсбук.

Letër Sekretarit të Përgjithshëm të Kombeve të Bashkuara, António Guterres

Sapo i jam drejtuar me një shkresë,…

Posted by Behgjet Pacolli on Tuesday, February 12, 2019

Тој пишува и дека ставот на Меѓународниот суд „овозможи Белград да ја види оваа вистина, особено во врска со ставот на Србија за признавање на државноста на Косово, која, секако треба да се менува“.