Две лица се уапсени во Приштина под сомневање за нелегален шверц со човечки органи и клетки и за нелегална трансплантација на органи, објави косовската полиција, пренесе приштинска Коха.

Според изјавата на полицијата, биле уапсени една жена од Албанија и турски државјанин , а косовската полиција започнала редовна постапка против нив, јавува Танјуг.