Поранешниот министер за наворешни работи на Грција, Никос Коѕијас преку неговиот официјален Твитер профил реагираше на односот на власта за договорот со Македонија.

Драго ми е што Договорот од Преспа започна да и се допаѓа на Нова демократија. Но, бидејќи ме нарекоа предавник, добив 1100 писма+ стотици заканувачки телефонски повици, куршуми и секаков вид на муниција, дури и противвоздушна, кеси полни со крв, прашувам, можеби ви преостанува и едно извини?, напиша Коѕијас на Твитер.